(ВИДЕО) Протестите во Тузла се претворија во масовни грабежи!
Полицијата во Тузла се уште се обидува да ја стави под контрола ситуацијата во градот по масовните социјални протести кои излегоа од контрола. Над 100 полицајци се повредени во немирите, десетици граѓани се приведени, а целосно е демолиран првиот кат од зградата на Владата на Тузланскиот кантон.
Една група хулигани ги искористила протестите вечерва за да тргне во грабежи на продавници и други објекти.
Специјалците во текот на денот интервенираа со солзавец, но тоа само уште повеќе ги разлути граѓаните кои се организираа преку Фејсбук за да изразат незадоволство од лошата економска состојба во која се наоѓа Босна и Херцеговина.
За утре се закажанни демонстрации и во повеќе други градови во оваа земја. Еве како е вечерва на улиците на Тузла:
http://www.youtube.com/watch?v=yjFcb9Zh7h8
Повеќе за причините за овој протест на следниот линк:
Специјалци со солзавец ги растеруваат демонстрантите во Тузла
Слично
