Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО Протести во Србија: Поддржувачи на Вучиќ претепаа пратеник од опозицијата

ВИДЕО Протести во Србија: Поддржувачи на Вучиќ претепаа пратеник од опозицијата

Низа инциденти и тензии ги одбележаа протестите кои вчера вечер се одржаа во повеќе градови низ Србија. 

Во Белград, во близина на зградата на Генералштабот, поддржувачите на Српската напредна партија пукаа со пиротехнички средства преку полицискиот кордон кон граѓаните.

Околу 22:30 часот, Партијата за слобода и правда преку социјалните мрежи објави дека нивниот пратеник Пеѓа Митровиќ бил брутално претепан за време на протестот во Белград. Наведоа дека „неговата глава била скршена од насилниците на Српската напредна партија“ и бил удрен со шипка по главата и неколку пати по телото.

Митровиќ пак, посочи дека бил нападнат без никаква причина од седум или осум маскирани лица.

„Се нафрлија врз мене, а кога им кажав дека сум пратеник, рекоа дека не се заинтересирани и почнаа брутално да ме удираат по главата и нозете со шипки. Почнаа да ме малтретираат и навредуваат. Кога сфатив дека немаат поим што прават и дека може да заврши многу лошо, се засолнив и избегав, бидејќи видов дека имам работа со луѓе кои очигледно полуделе“, рече Митровиќ.

Тој ја обвини власта за нападот, тврдејќи дека тоа е резултат на политиката на режим кој станува насилство.

„Кога владата слободно ги ангажира хулиганите на СНС брутално да тепаат мирни граѓани, тоа е колапс на државата. Јас не провоцирав никого, стоев мирно и протестирав, но хулиганите имаа наредба брутално да ги тепаат сите. Јас сум меѓу луѓето кои имаат исклучително сериозни повреди. Ова не смее да биде Србија на Вучиќ, бидејќи диктатор чија моќ завршува е подготвен да употреби најстрашно насилство. Нема да избегате од одговорност, ниту вие, ниту вашите фаланги“, посочи пратеникот.

View this post on Instagram

A post shared by Stranka slobode i pravde (@slobodapravda)

Фото: Нова.рс

Слично

Поврзани вести