(ВИДЕО) Протести пред Филозофскиот факултет во Нови Сад: Студентите повторно влегоа во зградата
Пред Филозофскиот факултет во Нови Сад вечерва се одржуваат протести откако утрово во зградата на оваа високообразовна установа влезе деканот Миливоје Алановиќ, заедно со уште неколку професори, по што студентите во блокада беа принудени да го напуштат објектот.
Студентите на Правниот факултет во Нови Сад вечерва влегоа во зградата на Филозофскиот факултет преку спореден влез, а пред зградата пристигнаа припадници на Интервентната единица и припадници на жандармеријата. Српските медиуми објавуваат дека деканот на Филозофскиот факултет повикал полиција откако неколку студенти од Правниот факултет влегле во зградата на Филозофскиот факултет.
Пред факулттот имаше туркање на толпата со припадници на полицијата.
Собраните поставија и шатор на влезот на факултетот, а им се придружија и земјоделци, кои паркираа три трактори пред зградата.
фото принтскринPa izvedi i tenkove na nas kukAVice
— FTN SE BUDI (@ftn_se_budi) August 26, 2025
Niko te se ne boji!
Odbranićemo Univerzitet! pic.twitter.com/BK6EH56c0w
