Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Протестантите се судрија со полицијата во Тетово, во другите градови мирно!

(ВИДЕО) Протестантите се судрија со полицијата во Тетово, во другите градови мирно!

Неколку стотици демонстранти денеска во Тетово излегоа да го покажат незадоволството од пресудата за обвинетите во случајот „Монструм“.

Низ повеќе градови на Македонија се протестираше, а во Тетово состојбата ексалираше.

Имено, групата се собрала во центарот на Тетово, а одтаму демонстрантите се упатиле кон  Судот по главната улица, извикувајќи слогани против ДУИ и против Владата. Потоа тргнале кон седиштето на ДУИ во Мала речица но тааму биле запрени од полицискиот кордон.

Во Струга пак попладнево, според пишувањата на некои медиуми околу 300 демонстранти се собрале пред седиштето на Општина Струга изразувајќи го својот револт од правната разрешница на случајот „Монструм“.

Во Дебар на протест излегле околу 200 протестанти а челниците на протестот со албански знамиња ги извикуваа паролите „Илирида“,  „долу Али Ахмети“, „етничка Албанија“ , „сакаме правда“, „сакаме слобода“, „и ние сме со Скопје“, „долу судот“ и други.

Таму протестот се одржал пред  основниот суд во Дебар и поминал без инциденти.

Во Гостивар се протестираше во центарот на градот, а во исто време граѓаните излегоа и на улиците во Кичево.

Слично

Поврзани вести