(ВИДЕО) Пристигнаа првите 121 Авганистанци во Албанија, ги пречека американскиот амбасадор во Тирана
Првите 121 Авганистанци пристигнаа во Тирана. Топ Чанел дознава дека непосредно пред да се симнат од авионот и да стапнат на албанско тло биле пречекани на воздушните скали од американскиот амбасадор Јури Ким.
Првите 121 Авганистанци пристигнаа со цивилен авион од Тбилиси. Во Тирана има армиски структури и здравствени тимови.
Во соопштението, Министерството за надворешни работи наведува дека меѓу првите 121 Авганистанци кои дошле во Албанија има 11 бебиња и во моментов ористигнатите се подложени на индивидуална обработка на податоци. Потоа ќе заминат во хотелските сместувања во Драч.
На настанот реагираа премиерот Еди Рама и амбасадорот Јури Ким. Премиерот Рама во објава на Фејсбук пишува дека овој настан е плод на албанска гостопримливост
Во меѓувреме, американскиот амбасадор во Тирана, Јури Ким во објава на Твитер напиша дека Албанија уште еднаш покажа дека нуди гостопримство и заштита на оние на кои им е најпотребна.
Во интервјуата за медиумите, премиерот Еди Рама рече дека Албанија ќе биде домаќин на околу 4.000 Авганистанци. Се дознава дека Авганистанците кои пристигнале синоќа го напуштија Кабул 2 часа по самоубиствените напади. Во овие напади, 60 лица загинаа, а 140 други беа повредени. Дел од жртвите се и 13 војници на американската армија.
