Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПРИКАЗНА КОЈА ГИ ТРОГНА НОВОСАЃАНИ И СЕ АКТИВИРАА ДА ПОМОГНАТ: Девојче продава крофни за да собере пари за лекување на татко си

(ВИДЕО) ПРИКАЗНА КОЈА ГИ ТРОГНА НОВОСАЃАНИ И СЕ АКТИВИРАА ДА ПОМОГНАТ: Девојче продава крофни за да собере пари за лекување на татко си

Девојче во Нови Сад, Србија продава крофни за лекување на својот болен татко.

Нина Нинковиќ има емотивна приказна која го трогна регионот. Откако луѓето дознаа за неа, со помош на сограѓаните за едно попладне успеала да продаде дури 500 крофни.

Приказната на Нина ги трогнала пред сè новосаѓаните кои одлучиле да му помогнат на девојчето. Нејзината мајка и баба ги подготвувале крофните, а таа ги продавала по цена од 100 динари. Но, и неколку соседи одлучиле да му помогнат на девојчето со подготовка на крофни, а на социјалните мрежи е споделен и повик да се јават сите кои можат да помогнат во подготовката на крофни за што побрзо да соберат пари за лекување на таткото на Нина.

Нејзиниот татко Зоран во 2016 година го изгубил видот поради аблација на ретината. Во текот на 2022 година повторно му се појавила аблација по што му се дијагностицирани симпатичка офталмија и панувеитис, поради што е и животно загрозен. На Зоран му е потребна помош за да може да замине во руската престолнина Москва на лекување.

Девојчето прво сакало да продава крофни за да заработи џепарлак, но потоа одлучило дека сака да помогне на својот татко. Првиот ден продала седум крофни, но не се откажала. 


Слично

Поврзани вести