(ВИДЕО) ПРЕСМЕТКА ВО БРИСЕЛ: Судир на приврзаниците на Ердоган и опозицијата, има повредени!
Неколку лица се повредени и префрлени во болница, откако приврзаниците на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и приврзаниците на турската опозиција се судриле пред зградата на турскиот конзул во Брисел.
Италијанскиот портал ТГ24 јавува дека се повредени тројца Курди. Портпаролот на полицијата изјавил дека засега нема информации за бројот на повредени ниту пак за тежината на нивните повреди.
Никој од конзулатот не бил достапен да го искоментира инцидентот.
Слично
