(ВИДЕО) Прегазени српски работници со камион во Романија
Србинка на возраст од 28 години загинала, а уште петмина нејзини колеги се повредени утрово околу 9 часот во погонот на една германска фирма во Романија.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, работниците во тоа време појадувале во мензата и во тој момент налетал камионот кој доставувал репроматеријали за фабриката. Камионот од засега неутврдени причини влетал меѓу нив.
Од полицијата изјавиле дека не станува збор за терористички напад, туку најверојатно немилиот настан се случил поради губење на контрола врз возилото.
Слично
