Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пред очите на луѓето се урна зграда

(ВИДЕО) Пред очите на луѓето се урна зграда

Во Истанбул вчера се урна станбена зграда откако обилните дождови предизвикале лизгање на земјиштето, пренесуваат агенциите.

Уривањето на зградата во населбата Сутлуце се случило по одрон на земја под нејзините темели. Локалните власти ги повикале пожарникарите, полицијата и брзата помош, додека жителите гледале како четирикатницата стои на работ на брег.

Повредени нема, а сопственикот на зградата изјавил дека пријавиле кај локалните власти дека постои ризик поради изградба на хотел на соседната парцела, но властите соопштија дека урнатата зграда е изградена во 1994 година без потребните дозволи.


Слично

Поврзани вести