Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Нереди имаше денеска во албанскиот парламент во Тирана. Пратениците се тепаа, фрлаа чадни бомби и се судирија со членовите на Гардата на Република Албанија, врз кои фрлаа шишиња.

Инцидентот се случи откако членовите на Демократската партија (ДП) ги блокираа говорниците и министерските места, со што ја спречија нормалната работа на парламентот.

Членовите на опозицијата се судрија со Гардата, додека во салата беа фрлани чадни бомби. За време на инцидентот, пратениците на ДП побараа парламентарното мнозинство да ја „предаде“ на законот вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балук. Пратеници од опозицијата, исто така, запалија и постер на премиерот Еди Рама. Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал на 19 ноември одлучи да ја суспендира Балука од функцијата, а Уставниот суд привремено ја суспендираше одлуката, до понатамошно разгледување на случајот.

На седницата беше планирано да се дискутираат неколку законски предлози, вклучувајќи ги и мерките на Владата на Албанија во борбата против организираниот криминал.

И лани имаше инциденти во албанското Собрание.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести