ВИДЕО:Пожар во бегалски камп во Грција, зафатени 13 објекти
Во бегалски камп во Диавата кај Солун, избил пожар при што голем број шатори се зафатени со огнот.
Пожарот се проширил и зафатил 13 објекти. Дел од лицата на социјалните мрежи пишуваат дека има и жртви во кампот, но засега нема официјални информации од тамошните власти.
Не е позната причината за појава на пожарот, но пожарникарите успеале да го локализираат огнот. Во кампот престојуваат над 2.300 бегалци. Мештаните во февруари протестираа против изградбата на овој камп на местото на стара касарна.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/zGOFEjq1mwI[/embed]
Слично
