Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОЖАРОТ ВО ГРЦИЈА ИЗГОРЕ ДЕСЕТИЦИ КУЌИ: Пожарникарите пронашле женско тело во круг на фабрика

(ВИДЕО) ПОЖАРОТ ВО ГРЦИЈА ИЗГОРЕ ДЕСЕТИЦИ КУЌИ:  Пожарникарите пронашле женско тело во круг на фабрика

Во Грција во пожарите настрада една жена, има десетици изгорени куќи и приватен имот, како и стотици илјади хектари површина. Ова е трет ден од пожарите во околината на Атина. 

Големиот пожар во Атика, предградие на Атина, ја однесе и првата жртва. Грчките пожарникари пронашле женско тело во круг на фабрика за градежни материјали која изгоре до темел во општината Халандри. Гаснењето на огнената стихија е отежнато поради ветрот. Дел од населението од неколку е принудено да се евакуира на безбедни локации.

Огнениот фронт, во должина од преку 30 километри, од северот на Атика за два дена се прошири кон населбите на источниот брег. Потоа зафати и урбани структури на градските општини, оштетувајќи или уништувајќи десетици куќи и друг приватен имот.


Слично

Поврзани вести