(ВИДЕО) Пожарот во центар за мигранти во БиХ изгаснат: Познати причините за неговото избувнување
Пожарникарите успеале успешно да го изгаснат пожарот кој утрово избувнал во привремениот прифатен центар за мигранти во Велика Кладуша, во Босна и Херцеговина.
Триесетина лица се повредени во пожарот, дел од повредените се пренесени во болницата во Велика Кладуша, а дел од нив во здравствениот дом во Бихаќ.
Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од електричен или плински апарат на кој мигрантите си подготвувале храна, пренесоа локалните медиуми.
Пред објектот се поставени шатори, а наскоро ќе
бидат достапни и нови душеци, кревети и други работи.
Во приемниот центар „Мирал“ во моментов
живеат повеќе од 670 луѓе. За време на пожарот, 30 од нив беа повредени, едно
лице со потешки повреди, но во стабилна состојба.
Видео и Фото Klix.ba
