Пожарникари во Словенија едвај се спасија откако ги опколи оган
Во Словенија, пожарникари беа доведени до опасна ситуација, опколени од оган, но ги спаси канадер.
На видеото кое го пренесуваат регионалните медиуми се гледа како пожарникарите го гаснат пожарот додека од двете страни на патот се опкружени во густ чад. Одеднаш над нив здогледале канадер кој исфрлил голема количина вода.
„Сега не спаси“, кажал авторот на видеото, додека во позадина се слушале извици на возбуда.
Автор на видеото е Клемен Горуп, пожарникар од „ПГД Хрватини“, кој ги опишал околностите во кои е направено видеото за „N1“. Тој раскажа дека поради чадот едвај дишеле, а дополнително проблем се и високите температури. Веќе една недела беснеат пожари во земјата. Пожари имаше и во Италија.
Слично
