Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА: Гори на Халкидики, хеликоптери се борат со огнената стихија

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА: Гори на Халкидики, хеликоптери се борат со огнената стихија

Грците се борат со пожари на Халкидики. 

Пожари во моментов беснеат на повеќе места во Грција, а според грчките медиуми еден избувнал и на Халкидики во Полигирос.

На помош на пожарникарите им пристигнале и хеликоптери кои интензивно се вклучиле во гаснењето на пожарот. Според информациите што ги пренесе Grtimes.gr, на Халкидики гори земјоделско земјиште, но засега не е загрозена ниту една станбена површина.

Противпожарната единица составена од 22 пожарникари со девет водени возила и хеликоптер кои помагаат од воздух е лоцирана и работи на местото на настанот. Голем пожар избувна во близина на Патра на Пелопонез.

Пожар избувнал и на островот Евија. Некои жители побарале евакуација.

На Крит избувна пожар во шумска област во Картерос, на падината над црквата Агиос Јоанис. Неодамна имаше пожари во предградие на Атина. 


Слично

Поврзани вести