Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ВО ЦРНА ГОРА: Војник загина, а негов колега е тешко повреден

(ВИДЕО) ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ВО ЦРНА ГОРА: Војник загина, а негов колега е тешко повреден

Еден 41-годишен војник загина, а друг е тешко повреден при гасење пожари во Црна Гора. Тие загинале откако се превртела цистерна со вода во реонот на Куча, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.

Земјата веќе неколку дена се бори со пожари, кои се активни на повеќе локации, вклучувајќи ги Подгорица, Бар, Будва, Никшиќ и Шавник, а кај Буљарица се загрозени и куќи.

„Од сите пожари, ситуацијата е најсериозна на подрачјето на Подгорица, каде што гори кај неколку околни населени места. Тешко е да се каже колку активни пожари има во земјата“, изјави директорот на Управата за заштита и спасување Миодраг Бешовиќ.

Црна Гора побара помош од Европска Унија и НАТО, а во гаснењето учествува и хеликоптер од Србија.

Пожари има и во Хрватска и Грција. 

фото Победа


Слично

Поврзани вести