(ВИДЕО) ПОЖАР ИЗБУВНА ВО СТАНОВИ НА ЗЛАТИБОР - имало ли таму македонски туристи
Пожар избувна денес во Златибор во становите над кафеаната „Љубиш“, пренесуваат српските медиуми.
Гостите не биле во собите за време на пожарот, а на самото место имало три противпожарни возила, пренесува Новости.
Силен пожар го зафати таванот, пожарникарите се обидуваат да се приближат до пламенот со црева.
Како што се наведува, покривот бил целосно изгорен.
Нема информации дали баш во тоа место имало македонски туристи. Според информациите, голем број од македонските граѓани го користат ова српско туристичко место за да ги поминат деновите од зимскиот одмор.
Погледнете го видеото.
— perickaizvica (@perickaizvica) January 11, 2021фото и видео: Курир.рс
Слично
