(ВИДЕО) Повик да се бојкотираат српски производи, во косовско село ги палат
Косовци од селто Качаник се приклучија на движењето за бојкот на српските производи а тоа го демонстрираа со нивно палење и објавување на видеото на социјалните мрежи, пренесува „КоССев“.
Може да се заклучи дека станува збор за кондиторски и хигиенски производи.
Кампањата и повикот за бојкот се засили откако Србија успеа да излобира Косово да не биде примено во полициската организација „Интерпол“.
Претходно, Косово ја удвои царинската стапка за производи од Србија и БИХ.
Кревката косовцска економија не може да се пофали со изобилно домашно производство, па на пазарот долго време доминираат српските продукти.
Слично
