Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Повеќенаменска машина на ЈП Државни патишта заменува 15 работници

(ВИДЕО) Повеќенаменска машина на ЈП Државни патишта заменува 15 работници

Јавното претпријатие Државни патишта објави видео од повеќенаменската машина RoboGREEN која ги расчистува зеленилото крај коловозите заради поголема безбедност на возачите.

„Тој е далечински управувана пoвеќенаменска машина која може да замени 15 работници Поради отсуство на физички напор, дневната продуктивност е многу поголема во однос на рачно управуваните машини, и многу безбедно работи на стрмни падини, тешко пристапни места и на комплицирани терени“, објави ЈП Државни патишта.

RoboGREEN изминатиов период искосил и расчистил вкупно 372.000 м2 и тоа на клучките во Хиподром, Крива Паланка, Петровец:, обиколницата кај Визбегово и на патот Куманово - Миладиновце - Хиподром.

За време на зимските месеци лесно може да ја отстрани снежната покривка до 30 см.


Слично

Поврзани вести