(ВИДЕО) Потоп на Хвар, патиштата се затрупани со камења
Невреме вчера го зафати хрватскиот остров Хвар, поради што бројни куќи и пристаништа се поплавени.
Невремето нафрли големи количини камења на патиштата, поради што итните служби имале многу работа. Најмногу дожд падна во периодот меѓу 17 и 20 часот, кога паднаа стотина литри дожд по квадратен метар.
Пожарникарите 15 пати испумпуваа подруми, апартмани, угостителски и трговски објекти, а падна и ѕидот на хотелот „Амфора“, пренесоа хрватските медиуми. Претходно реки вода течеа во Дубровник, каде беа поплавени куќи и станови.
Слично
