Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОТОП НА БАЛКАНОТ: И Црна Гора под вода, излиени реки, поплавени стотици куќи!

(ВИДЕО) ПОТОП НА БАЛКАНОТ: И Црна Гора под вода, излиени реки, поплавени стотици куќи!

После дводневните обилни врнежи делови на Колашина, Берана, Рожаја, Мојоваца, и Подгорица се под вода, пренесоа црногорските медиуми.

Во Берана се излеала реката Бистрица по целата должина до реката Лим, а поплавени се околу 100 домаќинства во Лушче од десната страна на патот и околината.

Во овие мали бегалски населби се наоѓаат преку 600 деца, болни и страи луѓе, се наведува во општинскиот штаб за управување со вонредни ситуации.

Сите расположливи механизации на општина Берана и приватни претпријатија е на терен, а доколку продолжат врнежите во овој трнед ќе биде неопходна и помош од државата.

Алармантна е состојбата и во Колашина. Критично е во населбата каде што живеат 500 луѓе.

Погледнете каква е состојбата таму:


Како што соопштивме невреме и поплави ја зафати и соседна Албанија, а таму веќе има и една жртва.

Тамошните медиуми пренесуваат дека земјата е парализирана. Повеќе за состојбата во Албанија читајте тука!

Слично

Поврзани вести