(ВИДЕО) ПОСЛЕ „ФИЛМСКИОТ“ ГРАБЕЖ: Еве кој ќе го чува аеродромот во Тирана
Албанското Министерство за одбрана ја испратило војската да го обезбеди единствениот меѓународен аеродром во земјата, откако вооружени мажи украдоа огромна количина на пари од авионот на Австралијан ерлајнс.
Министерката за одбрана Олта Џака рекла дека и наредила на воената полиција и баталјонот на специјални воздухопловни сили да ја обезбедат областа околу аеродромот Мајка Терза каде крадците зграбиле вреќа со пари додека се префрлани од оклопно возило во патничкиот авион.
После филмската кражба на аеродромот во Тирана се уапсени четири лица, едно е убиено додека околу 40 се сослушани. Албанските власти не објавија за колкава сума на пари се работи, а медиумите пренесоа дека износот е 10 милиони евра.
ДЕТАЛИ ЗА ФИЛМСКИОТ ГРАБЕЖ ВО ТИРАНА: Како разбојници влегле во авионот и однеле 10 милиони евра?!
Еден од ограбувачите е убиен во размената на оган со полицијата, но парите не се вратени. Полицијата ги пронашла изгорените остатоци на трите возила, кои се користени во грабежот на три различни локации.
Не е познато колку лица точно учествувале во грабежот, но АП наведува дека биле петорица.
Владини претставници и компанијата од Хонг Конг, која управува со аеродромот, се расправаат околу тоа кој е одговорен за безбедноста на аеродромот во земјата.
Ова е трет грабеж која се случила на аеродромот, што ги доведе во прашање безбедносните мерки на единствениот меѓународен аеродром во земјата.
Првиот грабеж се случил во 2016 година кога се украдени скоро милион евра, додека во февруари 2017 година на аеродромот се украдени 3,2 милиони евра.
(Foto EPA-EFE/Milton Dibra)
