Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пошта не работи, филијалите празни

(ВИДЕО) Пошта не работи, филијалите празни

Филијалите на Македонска пошта изутринава беа празни. Синдикалните организации на Македонска Пошта од 08:00 до 10:00 организираат протест на членството пред Дирекцијата и во сите подружници на националната Пошта.

Од таму бараат исплата на платата за февруари и решение за состојбата и реорганизација на друштвото. Вработените се загрижени „за опстојувањето и иднината на Поштата и  работните места“.

-На протестот вработените ќе го изразат револтот и загриженоста од серизноста на состојбите во која е доведена АД Пошта предизвикани од финансиската криза, крајно лошата организација во работењето, необезбедени услови и средства за работа, а најголемата загриженост и револт кај вработените е предизвикано од грубото непочитување на работничките права од страна на работодавачот. 



Слично

Поврзани вести