Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Поради поплавата евакуиран е стариот дел на Цеље

(ВИДЕО) Поради поплавата евакуиран е стариот дел на Цеље

Во Цеље е евакуиран целиот стар град поради поплавите.  Поради надојдената Савиња, евакуирани се жители на одредени делови на градот од двата брега на реката.

Во централна Словенија имаше големи проблеми. И во главниот град Љубљана се огласи сирената за опасност, а реките Сава и Градашчица поплавија неколку куќи.


Водата однесе мостови во Камник, поплави приватни објекти и јавни установи, градинките беа затворени, а сите патишта веќе утрото беа непроодни. Вонредна состојба е прогласена и во Коменда, која рано утрото веќе беше под вода. Населението е евакуирано од подрачјето на Личничката котлина во општина Медводе.

Поради обилните врнежи под вода се многу згради во Идрија, меѓу кои и индустриски капацитети. Има опасност од свлечишта. 

фото: принтскрин 24ур


Слично

Поврзани вести