(ВИДЕО) Попоски: Македонија не може да прими повеќе бегалци
Македонија не располага со доволно ресурси за да ги прифати сите имигранти, наредени на грчката граница, изјавил македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски за „ББС“.
„Во последните неколку дена се забележува драстично зголемување на бројот на мигрантите, станува збор за 3000-3500 лица дневно“, додал Попоски.
Тој потсети дека населението на Македонија е околу 2 милиони луѓе, затоа земјата не може да прифати сличен број на бегалци.
„Мораше да ја засилиме контролата во однос на нелегалното преминување на границата“, појаснил министерот за надворешни работи.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/a_Y9CdSJVRE[/embed]
Слично
