Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Поплавите во Грција оставаат шокантни глетки: Автомобили пливаат во море

(ВИДЕО) Поплавите во Грција оставаат шокантни глетки: Автомобили пливаат во море

Грција се затекна во проблеми откако обилните врнежи доведоа до сериозни потешкотии, па од час во час стигнуваат се повеќе коментари за новите проблеми како немањето на вода во местото Никити на Ситонија.


Како што јавија личности кои својот одмор решиле да го поминат токму на таа локација, дождот на моменти престанува, но тие паузи траат толку кратко да изгледа како да врнежите станале константни.


Исто така, според информации на туристи и жители на Никити, низ улиците се слевале големи количини вода во морето, па со себе носеле и помали објекти , но и неколку автомобили.



Засега вилите и апартманите не се загрозени и не е пријавено дека некои куќи се поплавени бидејќи водата не се задржува, но се слева низ бочните улици.


Низ Никити е секако отежнато движењето, има многу кал.


Врз основа на информации од корисницте на социјалните мрежи, речено е дека и по престанувањето на дождот ќе бидат потребни ден-два морето кај Никити целосно да се разбистри.


Фото/видео: Фејсбук-Никана.гр

Слично

Поврзани вести