Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО БиХ, во опасност стотина домови, реките носат автомобили

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО БиХ, во опасност стотина домови, реките носат автомобили

Обилните врнежи со дожд го зголемија водостојот на реките, од кои дел веќе се излеаа, а се закануваат и поплави на неколку населени места во Босна и Херцеговина. 

Излеани се повеќе локалните реки, а голема штета има во општината Челиќ во БиХ, пренесуваат медиумите. Во прекин е патната комуникација, некои домови се поплавени, а се процентува дека загрозени се приближно 100 објекти.


Општина Челиќ според „Блиц“ се наоѓа во алармантна ситуација поради обилните врнежи од дожд кои доведоа до излевање на локалните реки.

Во моментов поголем дел од општината е под вода, поплавени се бројни објекти и автомобили, прекината е патната комуникација, а надлежните екипи се на терен.

- Според моментално достапните информации, загрозени се приближно 100 објекти лоцирани во пет-шест населени места. Исто така, урнати се и неколку плевни, а водата однела еден автомобил. Веднаш ангажиравме неколку фирми со механизација, заедно со комуналното претпријатие, за да ги исчистат приодите и мостовите - изјави првиот човек на Челиќ, Адмир Хрустановиќ.

Поради новонастанатата состојба, закажана е седница на локалниот кризен штаб на која детално ќе се анализира состојбата со евентуално донесување на соодветни мерки.

Фото: Принскрин / Фејсбук

Слично

Поврзани вести