(ВИДЕО) ПОПЛАВИ, ЛИЗГАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО, УНИШТЕНИ ПАТИШТА: Ова е состојбата во Грција
Бурата во Грција предизвика поплави, лизгање на земјиштето, а особено беа загрозени крајбрежните населби каде се пријавени големи материјални штети.
Ветровите посилни и од 100 км/ч, го погодија подрачјето на Јонското Море, Крит и Егејското Море. Националната метеоролошка служба регистрираше налети на ветер од 110 км/ч на Крф каде се уништени дрвја, а на неколку локации е регистрирана и помала штета на инфраструктурата.
Западниот дел на Пелопонез се бори со сериозни поплави откако реката Пинеос се излеа од коритото, поплавувајќи обработливо земјиште и патишта. Службите за итни случаи објавија дека ситуацијата во одредени села е сè уште многу сериозна. Генералниот секретаријат за цивилна заштита прогласи црвен аларм за споменатите области, пишува Прототема.фото Фејсбук/Грчка инфо
Слично
