Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ: Карловац е одбранет, но водени бранови му се закануваат на Сисак!

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ: Карловац е одбранет, но водени бранови му се закануваат на Сисак!
Граѓаните на хрватскиот град Сисак цела ноќ градат насипи и се подготвуваат за евакуација, откако беше најавено дека до вечерва во градот ќе пристигнат два големи водени брана, предизвикани од циклонот Талија. http://www.youtube.com/watch?v=xtq2WJ-oLO4 Првиот воден бран стигнува по Сава од правецот на Загреб, а другиот по реката Купа од Карловац. Кризниот штаб на Карловац, пак објави дека најголемата опасност во овој град поминала. Градот е одбранет со вонредни напори на целото население, а на помош се вклучи и хрватската војска. http://www.youtube.com/watch?v=exx4OMiVr0g Двете реки Купа и Корана го достигнаа максималниот водостој околу полноќ, кога беа забележани 845 односно 844 сантиметри. Во делови од Хрватска уште е на сила вонредна состојба. Поплавите ја загрозуваат и Босна и Херцеговина, каде под вода се веќе над 700 куќи.
Слично

Поврзани вести