Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ВО СРБИЈА: Луѓето кои живеат близу Јадар велат дека се спремни да го евакуираат добитокот

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ВО СРБИЈА: Луѓето кои живеат близу Јадар велат дека се спремни да го евакуираат добитокот

Поплави има и во Србија, откако се излеа реката Јадар. 

Во селото Брадиќ водата се доближила до куќите. Претставници на градскиот штаб за вонредни ситуации за српските медиуми изјавија дека граѓаните немаат причина за паника, дека сите екипи се на терен, а на критичните точки се преземаат превентивни мерки.

Жителката на Брадиќ, Пера Глигуриќ, вели дека постојано имаат проблем со излевањето на реката.

„Јадар во 2014 година напредуваше со таква брзина што го евакуиравме добитокот по вода. Сега сме спремни, имаме крупен добиток во плевните. Мораме да бидеме подготвени да го евакуираме добитокот“, вели жителот.

Поплави има и во делови на Босна и Херцеговина(БиХ). 


Слично

Поврзани вести