(ВИДЕО) Поплави и во Албанија, има евакуирани семејства
Поплави има во повеќе градови во Албанија, а најкритично е во Драч, Лежа и Кукс.
„Драч е најпогоден град, од лошите временски услови, каде има области каде нивото на водата на улиците достигнува и до 50 сантиметри. Патиштата остануваат речиси непроодни во многу населби во градот. Наставата е прекината во повеќето училишта во Драч поради ситуацијата создадена од обилните дождови и блокадите на патиштата. Според локалната канцеларија за образование на Драч, родителите и наставниците се известени да избегнуваат движење додека не се смири ситуацијата“, објави „Топ чанел“.
Воведена е забрана за испловување на бродови и траекти, поради високите бранови и силниот ветер. Десет семејства се евакуирани поради поплавување на нивните домови и се сместени во Домот за рехабилитација на Министерството за внатрешни работи.
Излевања има во БиХ, во Косово и во Црна Гора.
foto printskrin