(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ СЕ УЛИЦИТЕ ВО БУДВА: Водата поместуваше автомобили
Надојдената вода носеше сè пред себе во Будва во Црна Гора.
Три екипи на Службата за заштита и спасување беа веднаш испратени на терен. Големата количина дожд го отежна нормалното одвивање на сообраќајот, јавуваат црногорските медиуми.
Еден читател изјавил дека поројот поместил неколку автомобили, додека водата незапирливо течела по градските улици, пишуваат црногорските медиуми.Службата за заштита и спасување објавува дека бројни населени места се во проблеми, а клучна причина за излевањето е блокирањето на каналите за одводнување на атмосферските води, што го спречува нормалното истекување на огромна количина врнежи, објавува РТВ Будва.
Автомобилскиот сојуз на Црна Гора предупредува дека денес сообраќајот се одвива по влажни коловози и со делумно намалена видливост. Свлечиштата и задржувањето на водата на одредени делници се чести. Се препорачува внимателно возење и почитување на сообраќајните правила, објавува порталот RTCG.
Слично
