Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ ДОМОВИ: Водата носеше автомобили на грчки острови

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ ДОМОВИ: Водата носеше автомобили на грчки острови

Грција ја зафати невидено невреме, а уништени се туристички места. 

Најтешко се погодени Миконос и Парос. Островот Парос вчера попладне го зафати силен дожд, кој за кратко ги претвори улиците во реки. Водата носеше автомобили, а влегуваше и во домовите носејќи сè пред себе.

Градоначалникот на Парос, Костас Бизас за грчката телевизија ЕРТ изјави дека невремето почна околу 15 часот вчера попладне и предизвика проблеми на повеќе патни мрежи, а најпогоден е градот Науса каде што се излеала реката, но и потенцираше дека нема повредени граѓани.

Училиштата на грчките острови Парос, Миконос, Сими, Кос и Родос денеска се превентивно затворени поради невремето што од вчера ја зафати Грција, јави дописничката на МИА од Атина.


Слично

Поврзани вести