Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Полицискиот кордон ги запре граѓаните да ја ослободат МРТВ!

(ВИДЕО) Полицискиот кордон ги запре граѓаните да ја ослободат МРТВ!

Илјадници граѓани протестираа пред МРТВ и му дадоа поддршка на Стојанче Ангелов во борбата за ослободување на Националниот сервис кој како што вели им припаѓа на граѓаните и тие се должни објективно да го информираат за сите настани во земјата а не да биде партиска марионетка.

Во походот кон ослободувањето повикани од генералот Ангелов, толпа од граѓанки се упатија кон МТВ да „им ги фрлат цедињата со снимките како бомби, и да ги гушнат и бакнат“ но наидоа на отпор од полицицискиот кордон кој беше поставен пред вратите на МРТВ.

Ангелов им рече мирно, ненасилно да влезат но не успеаја во таа намера, бидејќи како што напомнавме полицајци со штитови, шлемови и борбена опрема цврсто стоеја пред вратите.

Ечеше од скандирања пред МРТВ, граѓаните на цел глас извикуваа Слобода, Слобода, при што на барање на Ангелов се упатија од Собранието, каде ја испеаја песната Море Сокол пие и се разотидоа.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=Z90phKUPrn0[/embed]

Видеото е преземено од Бриф.мк

Слично

Поврзани вести