Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Полициски и армиски засилувања на островот Лезбос, поради приливот на бегалци

(ВИДЕО) Полициски и армиски засилувања на островот Лезбос, поради приливот на бегалци

Полициски и армиски засилувања беа испратени денеска на островот Лезбос, за да се справат со приливот на илјадници бегалци и мигранти, пренесе „Франс прес“.

Во саботата вечер полициските сили за борба со безредија ги отфрлија со гранати и со солзавец илјадици мигранти, кои се обидоа да поминат низ блокадите и да се качат на траект, изнајмен посебно, за да ги превезе до Пиреја пристигнатите на источниот егејски остров. Еден бегалец е повреден во судирите и е сместен во болница, соопшти полицијата.

Претходно во текот на денот стотици мигранти протестираа, извикувајќи „Бегалец, азил“, пред основниот приемен центар на островот против тешката постапка за регистрација, и забавување на трансферот кон Атина. Полицајците биле гаѓани со камења.

Тензиите на островот се зголемиле повторно во текот на ноќта, кога двајца напаѓачи од мотор фрлиле два молотови коктели против сириски бегалци во паркот на Митилини, главниот град на островот. Еден Сириец беше полесно повреден и еден осомничен е уапсен, соопшти полицијата.

Кај друг инцидент полициските сили за борба со безредијата ги растуркале со палки бегалците кои чекале да се регистрираат, по избувнувањето на конфликтот помеѓу Сиријци и Авганистанци.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/FULPGw3maFs[/embed]
Слично

Поврзани вести