Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Полицијата разби мафијашка група и откри 128 илегални мигранти кај Ваксинце

(ВИДЕО) Полицијата разби мафијашка група и откри 128 илегални мигранти кај Ваксинце

Повеќе од 120 илегални мигранти се откриени во село Ваксинце кај Куманово.

Полициската акција следеше само некокку дена откако британски „Канал 4“ ја објави приказната за киднапираните мигранти, кои во тоа село ги држи албанска мафија. Меѓу уапсените има и еден убиец.

Акцијата на македонските специјалци почнала во зори била насочена кон куќите во кои бандата наречена „Али баба“ ги држела мигрантите, кои биле киднапирани на македонско-грчката граница.

Акцијата е завршена, откриени се 128 илегални мигранти“, соопштија од МВР.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/IckZgz0Ojbo[/embed]

Полицијата упаднала во пет од вкупно 11 куќи во Ваксинце и пронашла 128 мигранти. Во текот на акцијата е уапсено и едно лице  за кое е издадна потерница поради убиство, а запленето е и оружје и други предмети.

Од изјавата која ја дале мигрантите, уште не е јасно како стигнале во Ваксинце, но сопственицте издавале објекти по цена од 1500 евра месечно. Со тоа, сместувањето во тие куќи, без спиење , чинело помеѓу пет и десет евра дневно.

Кривични пријави се поднесени против четворица сопственици на тие објекти.

Британски Канал 4 за викендов ја објави приказната за операцијата на албанските мафијаши во Ваксинце, кое во текот на судирите на 2001, било база на Ослободителната национална армија.

Се наведува дека и од тоа село е невозможно да се избега, бидејќи околу куќата 24 часа кружи партола со вооружени мажи. На едно видео кое стигна во јавноста се гледа како чуварите ги тепаат мигрантите. Сите киднапери се вооружени со ножеви.

Единствен излез од куќата било плаќање на откуп од 500 до 1000 евра.. Од Сиријците се барало најмногу пари бидејќи мафијашите сметале дека тие се најбогати. Дури после исплатата, може пеш да тргнат кон границата со Србија.

Мештаните во Ваксинце се изморени од ваквите настани, пишува Канал 4, потсетувајќи на неодамнешните настани во Куманово, кога во пресметка на терористите и полициските сили настрадаа 18 лица.

Слично

Поврзани вести