(ВИДЕО) ПОЛИЦИСКИ СНИМКИ: Вака беше вчера во Ѓорче Петров
Полицијата објави видео од синоќешните немири во Ѓорче Петров, на протестите поради убиството на матурантот Ангел Петковски.
Според последните информации, полицијата поведе 35 прекршочни постапки против учесници на протестите кои ескалираа со насилство и нарушување на јавниот ред и мир.
Во инцидентите меѓу полицијата и демонстрантите беа повредени деветмина полицајци и оштетени осум полициски возила. Не е пријавено дека бил повреден некој цивил, соопшти МВР.
Дел од новинарските екипи синоќа известија дека полицајците не им дозволувале снимање на протестите, па дури им ги одземале снимените материјали или ги терале да ги бришат. Опозицијата, пак, денеска го обвини МВР дека се обидува да ги прикрие настаните во Ѓорче Петров, кои ескалираа по убиството на матурантот.
http://www.youtube.com/watch?v=9Y6D_mf4F3A
Слично
