(ВИДЕО) Полицијата седум часа го претресуваше станот на Бандиќ, што пронајде?
Хрватската полиција во текот на целата ноќ го претресувала станот на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, а тој ноќта ја помина во притвор. Се бараат документи и докази кои ќе ги потврдат полициските сомненија за негова вмешаност во коруптивни афери, злоупотреба на положбата и трговија со влијание.
Засега нема информации што точно е пронајдено, но денеска освен домовите ќе се проверуваат и службените канцеларии на приведените во акцијата „Аграм“. Ќе се пребарува Управата на Градот Загреб, како и холдингот каде се наоѓаат Канцелариите за јавна набавка на градот.
Синоќа при спроведувањето, загрепскиот градоначалник изгледал прилично вознемирен и изнервиран, а камерите го снимиле како се расправа со инспекторите.
http://www.youtube.com/watch?v=LYYjGOJxqQQ
Според хрватските медиуми, едно од делата за кое е осомничен Бандиќ и за кого се води истрага против него е финансирањето на кампањата за претседателските избори во 2009 година.
Според неофицијалниот информации, тој од Загрепскиот холдинг извлекувал пари, кои потоа ги трошел во предзиборни цели, но имал и сомнителни донации.
Во кампањата Бандиќ собрал околу 8,6 милиони куни (1,1 милиони евра), но потрошил речиси двојно повеќе. Дел од донациите, иако било наведено дека дошле од различни приватни лица, сепак постоеле назнаки дека всушност голем дел доаѓале од исто лице.
Слично
