Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Полицијата интервенираше на Филозофскиoт факултет во Нови Сад, дел од присутните добија тупаници

(ВИДЕО) Полицијата интервенираше на Филозофскиoт факултет во Нови Сад, дел од присутните добија тупаници

Полициска бригада интервенираше во зградата на Филозофски факултет во српскиот град Нови Сад, откако студенти и професори одлучија да ја блокираат институцијата во знак на протест поради отказот што ѝ бил врачен на професорката Јелена Клеут.

Како што се гледа на видео-снимките објавени од српската телевизија N1, полицијата им наредила на присутните да ја напуштат зградата, по што следело поттиснување кон излезот. На самите влезни врати е забележан инцидент во кој припадници на полицијата со штитови и со тупаници удираат дел од присутните.


Протестот и блокадата на факултетот беа организирани како реакција на отказот на професорката Клеут, што академската заедница го оцени како политички и институционален притисок. 

foto printskrin X


Слично

Поврзани вести