Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Полицијата ги сними демонстрантите како се подготвуваат за инциденти во Ѓорче Петров

(ВИДЕО) Полицијата ги сними демонстрантите како се подготвуваат за инциденти во Ѓорче Петров
Министерството за внатрешни работи објави нови снимки од случувањата во Ѓорче Петров, во кои се гледаат судирите меѓу демонстрантите и полицијата, но и подготовките на демонстрантите за инциденти. На снимките се гледа како дел од демонстрантите се подготвуваат за протестите со железни шипки и молотови коктели: http://www.youtube.com/watch?v=dkc9_FSjq1s Според последните информации од МВР, петмина учесници на протестите заработија и кривични пријави токму врз основа на овие снимки. Се товарат дека сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Казната предвидена во кривичниот закон за вкаво дело изнесува од 3 месеци до 3 години, додека за водачот на толпата предвидената казна затвор изнесува од 5 месеци до 5 години. http://www.youtube.com/watch?v=zxfuxlH0azU На овие учесници во протестите им е изречена и мерка притвор во траење од 8 дена. За кривичното дело за кое се товарат осомничените согласно Законот за кривична постапка, пред судот се води скратена постапка во која притворот како мерка до поднесување на обвинителен предлог не може да трае повеќе од 8 дена, појаснува Обвинителството. http://www.youtube.com/watch?v=jHaD08aSDm4#t=26
Слично

Поврзани вести