(ВИДЕО) Полицијата бркаше глисер со марихуана во Јадранско море
Италијанската полиција со асистенција на албанските и црногорските колеги уапси двајца Албанци и запленила два тони марихуана по бркотница на глисер во Јадранското море.
Во текот на операцијата „Тритон“, италијанските хеликоптери и патролни чамци откриле глисер кој пловел кон италијанските територијални води.
Шверцерите на марихуана ја фрлале дрогата во море за да го олеснат глисерот и да и избегаат на полицијата. Но, по неколку часа тие се уапсени.
Од морето се извадени 110 пакети марихуана со вкупна тежина од 2.261 килограми. Вредноста на запленетата дрога се проценува на 20 милиони евра.
Слично
