Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Погледнете како реагираше турски водител при силниот земјотрес

(ВИДЕО) Погледнете како реагираше турски водител при силниот земјотрес

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од силниот земјотрес oд 6 степени кој ја погоди Турција. Водителот Ерсел Хошкара во програма во живо успеа да остане смирен при силниот потрес. Има над педесет повредени и големи материјални штети. 

Потресот се случи во западна Турција во близина на градот Дузча, на околу 210 километри источно од најголемиот турски град Истанбул. Земјотресот го почувствувале и жителите на главниот град Анкара. За време на земјотресот имало прекин на струјата, но се работи на обновување на снабдувањето. 


Смртоносен земјотрес деновиве имаше и во Индонезија. Бројот на загинати во земјотресот што во понеделникот го погоди индонезискиот остров Јава се искачи на 271, а 40 луѓе се исчезнати.

Слично

Поврзани вести