Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Погледнете како бега од линч српскиот премиер во Сребреница 

(ВИДЕО) Погледнете како бега од линч српскиот премиер во Сребреница 

Српскиот премиер Александар Вучиќ за чудо не беше сериозно повреден, откако на крајот на комеморацијата во Сребреница незадоволни граѓани се обидоа да го линчуваат.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ZdLXyzzRTG0[/embed]

Обезбедувањето на премиерот било принудено да отвори чадор и дури да го чуваат со своите тела против камењата кои ги фрлале граѓаните кон него. Иако ескалацијата беше опасна, обезбедувањето на премиерот успеа да отвори пат низ толпата и на тој начин да го спаси Александар Вучиќ од сигурен линч.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/3eb0Lm-3vqA[/embed]

По инцидентот, српскиот премиер најави: „Доста долго време не сум се чувствувал така како денес. Првите кои почнаа да скандираат против мене и да ме навредуваат, беа фудбалски хулигани од еден српски тим“. Жал ми е за роднините на загинатите, кои денес беа дополнително понижени, поради некакви „будали“, додал уште Вучиќ по вонредната седница на владата во Белград.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Xgym_Kby3yE[/embed]

Тој прецизира дека освен „очилата и помалку болки во раката“ нема други повреди. „Што сакате да направите да дојдам тука со преврзана глава“, ги прашал новинарите премиерот на Србија.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/it4rWBJxTMs[/embed]

Српскиот премиер присуствуваше на комеморацијата во Сребреница, каде пред точно 20 години армијата на босанските Срби предводена од генерал Ратко Младиќ убила над 9.000 луѓе.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/lP6zDHNfcc8[/embed]

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ овој инцидент го опиша како „напад над Србија“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/NyZaAPlHjYg[/embed]
Слично

Поврзани вести