Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Почна лудницата во Албанија: Навивачите палат бакли од автомобили, хеликоптери надлетуваат наоколу!

(ВИДЕО) Почна лудницата во Албанија: Навивачите палат бакли од автомобили, хеликоптери надлетуваат наоколу!

Денес во 20:45 ч во Елбасан, Албанија, се игра веројатно најризичниот натпревар на годината. Албанската фудбалска репрезентација ги дочекува фудбалерите на Србија во квалификациите за ЕВРО 2016 год. Домаќините имаат уште шанси за пласман, додека гостите и теоретските ги изгубиле.

Првиот натпреват во квалификациите на овие репрезентации , минатата година во Белград заврши со прекин откако дрон со знамето на Голема Албанија покрена нереди меѓу навивачите на стадионот Партизан.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/MqBe9IVXc2E[/embed]

Во Албанија затоа се спроведуваат ригорозни мерки на контрола на стадионот „Елбасан Арена“ на кој вечерва се игра натпреварот. Полициски екипи ги преконтролирале трибините и ложите на стадионот (во која нема да биде српскиот премиер Вучиќ, додека хеликоптери го надлетуваат градот, што забележале и камерите на e "ACB news Albanijа“.

Притоа илјадници албански навивачи пристигаат во градот и веќе почнаа со навивачи и палење на баклите. Наводно неколку “гробари“ т.н. навивачи на Партизан од Белград стигнале до стадионот.

Интересно што забележавме дека таму се наоѓаат и албански навивачи од Македонија со автомобил на тетовски регистарски таблици.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/576yIW-v86I[/embed]

Слично

Поврзани вести