(ВИДЕО) ПОБЕДА НА МОСКВА: Ердоган пружи рака и му се извини на Путин заради убиениот пилот!
Турскиот претседател Таип Ердоган му упатил извинување на рускиот колега Владимир Путин поради убиениот руски пилот.
Ердоган во писмото кое му го испратил на Путин искажал и подготвеност да се обноват односите на Анкара и Москва рекол портпаролот на Кремљ Дмитри Песков.
Ердоган Русија ја нарекол „пријател и стратешки партнер“ на Анкара, со кој турските претставници не сакаат да си ги расипат односите.
Да потсетиме, турски авиони во ноември минатата година над Сирија соборија руски Су-24.
Тогаш Путин рекол дека „Турција и забоде нож во грот на Русија“.
Рускиот претседател само ден после соборувањето на СУ-24 рекол дека турскиот воен авион го погодил руски, иако летал дури километар понатаму од турската граница и со ништо не претставувал закана за нејзината безбедност, и додал дека целта на неговото надлетување била провинцијата Латакија во Сирија и терориститчките бази во неа.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Vmv6QDYJsV4[/embed]Ердоган барал извинување од Москва
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган рекол во ноември лани дека неговата земја сигурно нема да се извинува и додал дека рускиот борбен авион го нарушил турскиот воздушен авион недалеку од границата со Сирија.
„Ако некој треба да се извинува тоа не сме ние. Оние кои го нарушија нашиот воздушен простор треба да се извинат. Нашите пилоти и вооружени сили едноставно ја извршија својата должност, која се состои во одговарање на кршењето правила. Мислам дека во тоа е клучот „ рекол тој помеѓу останатото пред околу 6 месеци“.
