Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) По скоро девет децении молитва во Аја Софија, Грција реагира

(ВИДЕО) По скоро девет децении молитва во Аја Софија, Грција реагира

По скоро девет децении се одржа молитва во Аја Софија, која повеќе не е музеј, туку џамија. 

По 86 години  Аја Софија повторно е отворена за молитва. Турскиот суд, на 10-ти јули ја поништи одлуката донесена во 1934 од некогашната Влада на таа земја дека тоа е музеј.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им се придружи денес на илјадниците верници кои се собраа околу Аја Софија. 


Првата молитва во Света Софија или Аја Софија, како што е позната во Турција, на која денеска присуствуваа илјадници верници откако ѝ беше вратен статусот од музеј во џамија, предизвика остри реакции во Грција, јави дописничката на МИА.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видеопорака до граѓаните по повод 46-годишнината од враќањето на демократија во Грција се осврна и на односите со Турција, коментирајќи дека со постапки како што е претворањето на Света Софија во џамија, Турција „ја навредува културата на 21 век“.

Во Грција и на Кипар по повод денешната прва муслиманската молитва во базиликата Аја Софија во Истанбул, црквите ѕвонат во знак на протест и знамињата се спуштени на половина копје, а патријархот на православната црква ќе служи специјална миса денес попладне.

Слично

Поврзани вести