Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) По паризерот, Вучиќ со кошница производи објасни што поевтинува

(ВИДЕО) По паризерот, Вучиќ со кошница производи објасни што поевтинува

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно со корпа во раце  ги изрекламира попустите на производите.

Џем, мармалад, масло, брашно, бисквити, намаз со сирење, грав, замрзнат грашок, зелка, маргарин, кисело млеко, паштета од џигер, виршли, кромид, сапун, паста за заби се новите производи на листата на производи со замрзнати цени.

Вучиќ „претстави“ нови намалувања кои се резултат на владините ограничувања на производите и вети дека просечната плата во Србија во декември следната година ќе изнесува 960 евра. Вучиќ рече дека „го критикуваат оние кои се неспоредливо побогати од него“. 

Претходно, Вучиќ покажа дека консумира сендвич со паризер, поради што потоа луѓето го исмеваа. Тие сметаат дека тој не ни консумира паризер. 


Слично

Поврзани вести