ВИДЕО: По Грците, и Бугарите на протест против бегалците
Граѓаните на Самоков во Бугарија денеска протестираа поради гласините дека во поранешните касарни крај градот, ќе бидат сместени бегалци.
„Не мислам дека некој го прашал народот дали сака да ги прифати, а сепак ние сме власта. Ние не сакаме мигранти на територијата на Бугарија"- изјави организаторката на протестот Рени Мутафчијска за Нова тв.
Локалната власт ги слушнала гласините, но не знае со сигурност какви се намерите на државата.
Велат информациите ги добиваат од Парламентот, но сместувачки капацитети за мигранти нема да се градат.
И иако засега државата не планира изградба на центар за бегалци во Самоков, луѓето од градот се закануваат дека наскоро ќе има национален протест во Софија.
Причината за тоа се плановите на државата семејства на бегалци да бидат примени во земјата.
Локалните жители во Самоков се категорични дека се добредојдени сите кои се подготвени да го прифатат бугарскиот јазик, култура и социјални навики, но луѓе кои доаѓаат да ја наметнат својата сопствена култура, не се добредојдени.
