Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) По геј-парадата, контра-протест за да се „исчисти“ градот!

(ВИДЕО) По геј-парадата, контра-протест за да се „исчисти“ градот!
По молебенот во храмот Свети Сава, приврзаниците на зрружението „Двери“ во Белград организираа контра-протест против денешната Парада на гордоста што се одржа во овој град. Повеќе илјади луѓе, на чело со свештени лица, изразиле несогласување со манифестацијата која се случи претходно во текот на денот. Насобраните скандирале пароли против ЛГБТ популацијата, а се извикувале и навреди против српскиот премиер Вучиќ како и извици „Србија-Русија, не ни треба Унија“. Свештениците во поворката и со молебенот одржан претходно „духовно го исчистиле градот“ по одржаната геј парада. Притоа, свештениците упатија и пораки до учесниците на Парадата дека вратите на црквите за нив се отворени „за духовно да се излечат“. http://www.youtube.com/watch?v=ia9ES2EsJhc Организaторите на овој контра-протест се уверени дека мнозинството граѓани на Србија се против одржувањето на парадата, а дека Владата им го свртела грбот со дозволувањето оваа манифестација да се одржи. Под силно полициско обезбедување денеска во Белград се одржа Парадата на гордоста, организирана од ЛГБТ здруженијата. Прошетката помина мирно, но низ градот се бележеа повеќе спорадични инциденти. Полицијата приведе повеќе од 50 лица за кои се сомневаше дека подготвуваат нереди. Додека траеше геј-парадата, од црквите во Белград одекнуваа црковни ѕвона за да го попречат нејзиното одржување. http://www.youtube.com/watch?v=58aj8qsnI4E#t=22 http://www.youtube.com/watch?v=ia9ES2EsJhc Демонстранти, припадници на навивачки групи, ја нападнале зградата на Б92, а запалиле и еден автобус. Полицијата интервенирала, по што тие се разбегале. Парадата на гордоста заврши со бакнеж на двајца од нејзините организатори, а Србија доби честитки од меѓународните претставници дека успеала да манифестацијата да ја обезбеди од поголеми инциденти.
Слично

Поврзани вести