(ВИДЕО) По „Фаланга“ – „Аполон“
Осум лица уапси полицијата, меѓу кои и еден бугарски државјанин, во вчерашната акција за приведување на осомничени шверцери на афртефакти. При претресите во акцијата со кодно име „Аполон“, кај осомничените биле пронајдени 30-тина предмети со можна арехеолошка вредност - фигури, метални парички, парчиња накит и керамички садови.
Полицијата се сомнева дека уапсените ги ископувале во Вардарската долина, а потоа ги препродавале.
Кај осомничените се пронајдени и неколку икони за кои МВР претпоставува дека се од опустошените цркви во Македонија. Обвинителството побарало притвор за осомничените а делата кои им се ставаат на товар се злосторничко здружување, тешка кражба, оштетување и отуѓување на културното наследство.
Акцијата „Аполон“ е продолжение на двете полициски акции Фаланга 1 и Фаланга 2 во кои се опфатени 37 лица обвинети за откуп и препродажба на историски артефакти.
http://www.youtube.com/watch?v=8xtPrSlIArg
Слично
